

![]()

Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Лефков, заедно со своите колеги - градоначалници од Источниот и Југоисточниот регион, во периодот од 21-27јуни престојуваше во Германија, на студиско патување за “Регионален развој преку регионален менаџмент“, а во организација на ГТЗ и ИНВЕНТ. Целта на посетата е првите луѓе на општините да се запознаат со регионалниот развој во Германија, како истиот функционира во оваа европска земја, да се запознаат со соработката со институциите на полето на регионалната соработка, но и да се видат добри практики кои можат да се имплементираат во регионалниот развој во земјава која е нова проблематика што треба да се промовира и практикува, а е согласно Законот за рамномерен регионален развој. Според агендата, планирани се посети на неколку градови во Германија, презентации на Германскиот регионален развој, Презентација за имплементирање на заштита на еколошката средина во градот Ostritz, Економска промоција на Меѓуграничната индустриска зона “Bogatynia - Hrádek nad Nisou - Zittau“, посета на различни проекти близу Плауен (водоснабдување, канализација, депонија, текстилни претпријатија).