www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

Д о б р е д о ј д о в т е!!!

Соработниици

USAID BEA

ALKA

EPICENTAR

Електронски јавни набавки

uslugi.gov.mk

Централен Регистар на Македонија

Поддршка на процесот за децентрализација

USAID

Општина Чешиново-Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанско Поле. Го зафаќа просторот во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во подножјето на планините Осогово и Плачковица. Општината има средишна позиција помеѓу поголемите градски општини: Кочани, Штип и Пробиштип. Преку главната сообра ќајница Штип- Кочани-Делчево, општината се поврзува со Р. Бугарија. На вкупна територија од 133,5 км2 се протегаат следните населени места: Чешиново, Соколарци, Спанчево, Теранци, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиѓанци, Бања, Врбица, Новоселани и Лепопелци и седиштето на општината Облешево. Историските податоци кажуваат дека уште со формирањето на кралството СХС па сe до крајот на Втора та светка војна овде било лоцирано седиштето на локалната власт на српските управители, а подоцна и на бугарските кметови за време на Втора тасветска војна. По Втората светска војна Облешево и Чешиново во различни временски периоди егзистираат како одделни општини, сe до 2004 година кога со Законот за територијална организација од 55/2004, 12/2005 година општината Чешиново се припои кон општината Облешево во заедничка општина, со едно име: Општина Чешиново-Облешево.

Copyright © 2009 Municipality of Cesinovo-Oblesevo, All rights reserved