www.cesinovo-oblesevo.gov.mk

Д о б р е д о ј д о в т е!!!

Соработниици

USAID BEA

ALKA

EPICENTAR

Електронски јавни набавки

uslugi.gov.mk

Централен Регистар на Македонија

Поддршка на процесот за децентрализација

USAID

..........

Овој крај бил многу густо населен во античко време покажуваат многу археолошки наоди и споменици. Меѓу археолошките материјали најчесто сретнуваме големи римски питоси, покривна и градежна керамика, фрагменти од други керамички садови, фрагменти или цели надгробни споменици и нек рополи. Големи римски питоси се најдени, а и де нес сеуште се откриваат на по ве ќе места, но ќе ги споменеме локалитетите “Турски гробишта” кај селото Ба ња (каде се откриени и цели антички згради), и “Гра диште” во близина на Спанчево. Антички скулптури и надгробни споменици се откриени и на локалитет кај с. Теранци. Една од скулптурите прикажува тркачкикоњаник во акција, со хламида лес но подигната и набрана од ветерот. Околу нозете на коњот движењето го следи и едно куче. Споменикот денес се наоѓа во лапидариумот на Музејот во Штип. На 7 км од селото Теранци ис то така се откриени и остатоци од бедем и не колку згради. По својата местоположба и форма посебно интересно е гра диш те то во близина на селото Бурилчево. Месетото е наречено “Пилаво”. Во него се откриени траги од бедем што опфаќал поголем за рамнет простор во кој останало многу градежен материјал и кера мика. Овде се откопани и неколку римски питоси. Инт ресно за споменување е и гра диштето над селото Соколарци. Од поста рите зачувани цркви ќе ја споменеме таа посветена на Св. Архангел Михаил во с. Спанче во. Од стариот фреско-живопис во олтарниот простор се зачу вани светителите од “Великиот вход” и Богородица ширшаја не беса”. Стилската анали за на зачуваниот живопис укажува на времето од XVI доXVII век. Во XVX век црквата била преправана и доградена, при што по големиот дел од стариот живопис бил уништен. Од постарите цркви е и црквата “Манастириштето” над с. Соколарци.

Copyright © 2009 Municipality of Cesinovo-Oblesevo, All rights reserved