

s
ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА, ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
На подрачјето на општина Чешиново-Облешево лоцирана е трафостаницата
„Чешиново” од 35/10 Кw која е регионален центар за напојување со електрична
енергија. Оваа трафостаница има инсталирана моќност од 4 МВА и се напојува
преку 35 кW-тен далновод Кочани-Чешиново со должина од 10.280 м. Од неа
излегуваат 10 кW водови за напојување на дистрибутивните трафостаници во
селата Чешиново, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Лепопелци, Новоселани, Врбица, Соколарци и Спанчево, а постои и врска за напојување на с.Облешево.