

НАСЕЛЕНИЕ
Се до средината на минатиот век немаме пишани податоци за бројот на населението на територија на општина Чешиново-Облешево. Првите податоци ги сретнуваме дури во 1866 година, но и тие не се точни бидејќи се дадени по проценка: за македонскoто население е даден вкупниот број, а за турското население само бројот на мажите. Поточни податоци
се сретнуваат некаде дури околу 1900 година. Во табелата ќе го наведеме бројот на насе лението во сите населени места почнувајќи од 1900 година:
.........................
Талела1.
Попис на населението во општина Чешиново-Облешево, ДЗС 2002
Денес на територија на општина Чешиново-Облешево живеат вкупно 7.490 жители (Попис 2002 го дина).
Изразено во домаќинства, бројот изнесува
вкуп но 2.423 домаќинства или 2.960 станови за живеење. Просечен број на членови на едно домаќинство
изнесува 3,1. Според националната припадност
на територија на општината живеат 7.455 Маке донци,
30 Власи и 4 Срби. Од вкупниот број на жители 45,6% се ак тивно население. Густина та на населението изнесува 49,7 жители на 1 км2. Миграцијата село-град во последните годи ни е доста опадната и
голем процент од младото населе ние останува во
општината, барајќи егзистенција во земјоделието.